Седумдесет и тригодишен жител на Кочани вчера бил пронајден мртов на улицата „Никола Вапцаров“ кај Атомските згради.
Како што информираат од полицијата, на ден 03.03.2021 во 22.48 во СВР Штип било пријавено дека на ул„Никола Вапцаров“ во Кочани бил пронајден починат Д.П.(73) од Кочани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани.
Телото на починатиот било предадено на обдукција, информираат од СВР – Штип
Извор: Дневен билтен МВР