Просторот пред подземните контејнери е ослободен од возила, отпадот повторно не се исфрла – граѓанска реакција 

По објавата на интернет-порталот “Гласно” дека автомобили го блокираат пристапот до подземните контејнери и го отежнуваат одлагањето на комуналниот отпад, граѓани испратија повторна реакција дека и покрај ослободениот пристап подземните контејнери не се празнат.

– Сакаме да ве информираме дека и покрај нашите и вашите реакции контејнерите повторно не се празнат. 
Иако просторот пред контејнерите е празен и ослободен од возила, насобраното ѓубре пак стои расфрлано околу контејнерите и по коловозот.

Ваквата ситуација е поради тоа што подземните контејнери не се испразнети десетина денови, а граѓаните се приморани да го оставаат ѓубрето до контејнерите бидејќи подземните контејнери се полни и стојат неиспразнети.
Се надеваме дека заедно ќе успееме да го решиме овој проблем и во иднина навремено ќе бидат подигани подземните контејнери, стои во писмената реакција испратена до “Гласно”.

Сподели: