Протекува плочата во ГТЦ Блок – Б, први на удар сопствениците на дуќани

Сопственици на дуќани кај тунелот во Трговскиот центар – Блок Б во Кочани испратија реакција до интернет-порталот „Гласно“ за проблем што го имаат со протекување на вода од плочата над нив при што водата понира во нивните дуќани.

Во реакцијата стои:

– Ние дуќанџиите од Градскиот трговски центар Блок Б, имаме сериозен проблем со протекување на плочата и при секој поголем дожд или топење на снег во нашите дуќани тече вода. Проблемот е во оштеувањето на плочата која е над нас и искршените плочки преку кои водата понира и стигнува до нашите дуќани. Оштетена е робата и постојано мора да ставаме крпи и канчиња за да ја собираме водата да не ни се разлева по дуќанот. Апелираме до надлежните да се санира колку толку горниот дел од плочата на плочникот и да ги исчистат одводите за да се сопре понирањето на вода, стои во писмената реакција испратена до интернет-порталот „Гласно“.

Сподели: