Кочанските пензионери по втор пат, на организиран протестен собир и марш побараа линеарно зголемување на пензиите, како и обезбедување на дрва за огрев за пензионерите со најниски пензии и плаќање на дел од трошоците за електрична енергија.
Пензионерите од Кочани најпрвин се собраа во Паркот на револуцијата во Кочани за потоа преку протестен марш се упатија во просториите на Здружението на пензионерите во Кочани.Причина за протестот велат е лошата состојба во која се наоѓаат пензионерите, посебно оние со најниски пензии кои не можат да си ги купат основните прехранбени продукти и лекарства.
– Kрајно време е Владата да се погрижи за нас, бидејќи и ние имаме право на живот. Затоа, бараме линеарно покачување на пензиите по 3.500 денари за сите пензионери, а износот на најниската пензија да биде ист како минималната плата. Пензионерите со најниска пензија да добијат по три кубни метри огревно дрво или во ист износ да им биде платен надоместот за струја, како и обезбедување бесплатни лекарства за хронично болните пензионери, истакна Моне Ѓоргиев, претставник на пензионерите од Кочани.
Во Кочанскиот регион има над 6.200 пензионери. Тие истакнаа дека линеарното покачување ќе биде поприфатливо затоа што повеќе од поливината пензионер зимаат пензија под 15 илјади денари.
Фото: А. Арсов