Протест на кочанските пензионери: На 20-ти септември одиме на масовен протест во Скопје

Денеска со почеток од 18 часот кочанските пензионери повторно се собраа на мирен протест во Градскиот парк во Кочани.

Денешниот протест имаше за цел пензионерите од Кочани да се информираат за договрените активности од средбата на претставници од ИО од општините во државата, која се одржа во Велес.

Исто така, на денешниот протест беше најавен и главниот протест кој ке се оддржи во Скопје на 20-ти септември со почеток од 11 часот, пред Владата на Република Македонија. Покрај тоа договорено е членовите на Иницијативниот одбор од Кочани, да ги преземат неопходните мерки за што подобра организација и масовно присуство на главниот протест во Скопје, со правење списоци од пензионери кои ке присуствуаат на протестот, обезбедување на автобуски превоз и други организациски активности.

Барањата на пензионерите остануваат исти, определување на минимална пензија од најмалку 18000денари и линеарно покачување на пензиите од 3500денари.

А. Арсов

Сподели: