Протест со возила на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани, се бара оставка на премиерот Заев

Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ вечерва излегоа на најавениот протест со возила во Кочани, против како што велат, политичкиот аматеризам на Зоран Заев  и погубните политики на актуелната власт.

Со партиски и државни симболи, колоната од возила тргна од Основниот суд во Кочани, низ централните улици во градот и населбата Оризари. Според планираното, на протестот пред општинската зграда, на присутните им се обратија, Миле Лефков, пратеник во Собранието на Р.М и Мирче Стојков, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Кочани.

„Излеговме денес од топлите огништа за да го извозиме овој протестен конвој, и симболично со свирежот на сирените, јасно гласно и недвосмислено да и ја покажеме вратата на Власта!!
Околу 200-те возила излегоа со своите возила денес да го дигнат гласот против предавничките политики на Зоран Заев.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес организираше протестен конвој со возила низ улиците на Кочани.
Да кажеме #ДОСТА на хибридниот режим на Зоран Заев и на неговите продолжени краци.Кочани и кочанчани во изминатите три години се под силен институционален притисок, уцени и закани на Власта.
Станете, да се освободиме…“, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа граѓаните да се да се приклучат на антивладините протести против актуелната власт.

Освен во Кочани, вечерва се протестира и во 20 други градови низ Македонија, а според најавите на опозициската партија, протестите ќе продолжат и во следните денови.  

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial