Протест со механизација на оризопроизводителите од Кочанско

Оризопроизводителите од Кочанскиот регион денеска излегоа на протест.

На протестот кој се одвиваше на магистралниот пат од Облешево до селото Тркање, оризопроизводителоте се движеа со тешка механизација.

Незадоволни од власта уште еднашка побараа некој да ги слушне нивните барања, особено министерот за земјоделство со цел решавање на проблемот со ниската откупна цена оризовата арпа и белиот ориз.

Доколку проблемот со откупната цена не се реши, тие најавија радикализација на протестите и поголема масовност и блокади.

*преземена вест

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial