По одложувањето на натпреварите од Првата и Втора Македонска фудбалска лига Исток и Запад од минатиот викенд, на 07-ми и 08-ми ноември ќе се одиграат дуелите од 10-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исоток.

Како што информираат од Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија повторно стапува на сила Општиот протокол за организирање на натпревари во кој не се предвидува задолжително тестирање на играчите и стручниот штаб 72 часа пред почетокот на секој натпревар, причина поради која беше одложено претходното коло во натпреварувањето.
На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, в недела (08.11.2020) со почеток од 13:30ч. „Осогово“ го игра вториот од низата на три натпревари на домашен терен.
Фудбалерите на „Осогово“ ќе бидат домаќини на екипата на „Кожуф“ Гевгелија, натпревар за поправен испит, по разочарувачкото реми од минатото коло против последнопласираната екипа на „Плачковица“.
По деветте одиграни кола „Осогово“ се наоѓа на 5-тото место на табелата со 9 освоени бодови, или 3 повеќе од последнопласираната „Плачковица“. Ова ќе биде дополнителен притисок за фудбалерите , периодот што следи, да го дадат својот максимум на натпреварите за мирна завршница на есенскиот дел од шампионатот во средината на декември.
На останатите средби ќе се сретнат: