Професорите од двете средни училишта во Кочани синоќа си ги одмерија силите во хуманитарен футсал натпревар што се одигра во салата во ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
На хуманитарниот натпреварот на кој резултатот беше најмалку битен, освен футсал, младинските организации „Авангарда“ од СОУ „Гошо Викентиев“ и „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ се погрижија да биде збогатен со низа настани за публиката.


Се изведуваа музички точки, лотарија за публиката, изведување на пенал од публиката и ритмичка точка на дечињата од ДГ „Павлина Велјанова“. На крај тимот на пофесори од СОУ „Гошо Викентиев“ беше поуспешен од тимот на „Љупчо Сантов“ и со резултат од 1-0 беа победници на натпреварот.

На настанот беа доделени награди за најуспешните поединци и екипа.
Предновогодишниот футсал натпреварот помеѓу професорите од двете средни училишта годинава се организира за прв пат со надеж да прерасне во традиционален предновогодишен настан.

Со собраните средства од футсал натпреварот преку Црвен крст Кочани ќе бидат обезбедени ваучери за храна за ученици од социјален ризик од двете средни училишта.




