Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРСМ) почна со реализација на обуки за поттикнување на вештините за социјално и зелено претприемништвото кај младите преку обуки за професорите од средното образование.
На обуката што се спроведе во гимназијата „Љупчо Сантов“ , професорите се стекнаа со знаења за усовршување на методот за предавање преку примери како и вклчување на училиштето и учениците во активности за аплицирање за еко проекти.
Програмата ја реализираа претприемачи и истакнати професори и истражувачи во областа на претприемништвото од Универзитетот Американ колеџ-Скопје – Институтот за претприемништво и лидерски развој на која учествуваа петнаесет професори од кочанската гимназија.
Годинашната програма за поддршка на претприемништвото во Република Македонија предвидува неколку атрактивни содржини меѓу кои во тек е спроведување образовни обуки за наставници на актуелните теми од повеќе области.