ПСК „Осогово“ ги прогласи најуспешните планинари за 2021 година

ПСК „Осогово“ од Кочани во саботата го одржа своето редовно годишно Собрание на кое беа прогласени најуспешните планинари во изминатата 2021 година.

Спасо Георгиев, Стојанче Јефремов, Николчо Георгиев, Зоран Николов како најактивни членови во 2021 година го добија благодарници, додека за посебен придонес и развој на клубот признанието му припадна на Методи Георгиев.

За планинар на годината за 2021 година во ПСК „Осогово“ е прогласена Стојка Антова која преку годината учествуваше на сите планинарски акции,  беше организатор на 2 едукативни младински кампови со што даде голем придонес за развојот на клубот.

ПСК „Осогово“ – Кочани

Сподели: