Планинарски спортскиот клуб „Осогово“ и ООУ „Раде Кратовче“ денеска реализираа две планинарско-едукативни акции наменети за учениците во кочанското основно училиште.
-Во соработка со ООУ,,Раде Кратовче ” Кочани , ПСК „Осогово“ реализира две различни акции со учениците од училиштето,од кои една на спортскиот центар Бавчалук во Кочани ,и друга на Туристичкиот локалитет Пониква со искачување на највисокиот врв на Пониква- врвот Панаѓур 1669 мнв на кои попатно им беше објаснувано за флората и фауната,благодетите која ни ги дава природата,и позитивните страни на планинарењето.Благодарност до директорот Глигор Гацовски, наставничките,Црвен Крст Кочани и сите дечиња учесници кои денеска покажаа примерно однесување и позитивни оценки како во екологијата така и во дисциплината, соопштија од ПСК „Осогово“ – Кочани.