Денес во просториите на ООУ „Раде Кратовче“ беше потпишан Меморандум за соработка меѓу истоименото училиште и ПСК „Осогово“ од Кочани.
Целта на овој меморандум ефикасна, континуирана и координарана соработка во однос на развојот стручното образование и и обука, како и усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво.

Во Меморандумот што е потпишан меѓу другото стои дека двете страни потписниците на Меморандумот се согласуваат дека на младите им треба здрав дух за да имаат здраво тело, да бидат физички и ментално цврсти, бидејќи само преклу здрава младина има и здраво општество.. Инаку целта на младинската секција на ПСК „Осогово“ од Кочани е омасовување на планинарството, дружење и едукација.

Младинската секција „Осогово јуниор“ е да се побуди интересот кон планината и природата кај помладите, да научат за убавините и опасностите при престој во планина.
Секцијата треба да му овозможи на секое дете кое сака да планинари како најдобро да се подготви, да научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција.
ПСК „Осогово“ – Кочани.