Прекрасна едукативна прошетка со децата од ООУ „Раде Кратовче“ во организација на ПСК „Осогово“ – Кочани.
На локалитетот Бавчалук децата беа запознаени со планинарството како спорт, неговите огромни придобивки за здравјето и духот на децата, но и со основните вештини за преживување во природа, ситуација во која може да се наjде секој.


Целта на акцијата е промовирање на спортот, движењето и планинарењето, кои имаат неверојатни позитивни ефекти врз растот и развојот на децата во време доминирано од технологијата.

Децата се нашето најголемо богатство и промовирањето на позитивните вредности кај нив е најголемата инвестиција во нашата иднина!
ПСК „Осогово“ – Кочани


