Планинарски-спортскиот клуб „Осогово“ викендов на Пониква на дводневен настан го одбележа јубилејот 20 години постоење преку забавни и спортко – рекреативни содржини.
Во саботата доцна попладне и во вечерните часови на Пониква се одржа забава со диџеј, додека главниот натпреварувачки настан на натпреварувачки трки и рекреативно пешачење се оддржа во неделата.
Се трчаше на патека од лесен карактер во должина од 9 километри, од пред паркингот на одморалиштето на МВР преку манастирот „Св. Василиј“ до врвот Панаѓур на 1669 метри. Патеката беше искористена и за рекреативно пешачење на кое учествуваа планирани почетници и вљубеници во природата.
Втората трка од потежок карактер се реализираше од м.в Ивков Преслап до врвот на скијачката патека број 3.
На настанот присуствуваа гости од цела Македонија и беа доделени награди и благодарници на учесниците и поддржувачи.