Планинарско-спортскиот клуб “Осогово” организира собирна акција за вода и храна за сите учесници вклучени во гаснењето на пожарите.
– ПСК ОСОГОВО организира собирен пункт за вода и храна наменета на сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите кои беснеат по околните ридови и планини. Ќе биде отворен во Градскиот парк, денес 31. јули 2024 год. од 13:30 до 17:30, соопштија од ПСК “Осогово”.