ПСК „Осогово“ – 14. традиционален Петровденски планинарски марш

По повод празникот на градот Петровден, во неделата се одржа традиционалниот Петровденски планинарски марш во организација на Планинарско спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани.

Повеќе од 200 планинари од цела Македонија зедоа учество на маршот во должина од 7 километри со старт од манастирот„Св. Богородица“ – Еленец , Горна Цера до врвот „Китка“ кој се наоѓа на 1093 метри надморска височина на Осоговските Планини.

-Целокупната организација на маршот протече во најдобар ред со успешно искачување на врвот на речиси сите присутни планинари. На крајот, сите гости беа послужени со планинарски ручек, а имаше организирано и музичка забава за да го заокружиме целокупниот впечаток.Голема благодарност до сите учесници на маршот за нивното присуство, како и за одговорното однесување и почитување на сите наши препораки. Се надеваме дека и тие беа задоволни од нашата организација. Исто така, голема благодарност и до присутните членови на ПСК „Осогово“ кои несебично се вложија во целата организација да помине во најдобар можен ред, соопшти Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

На Петровденскот марш организаторот на највозрасните и на најмладите планинари им врачи благодарници, а за сите учесници беше организиран традиционален планинарски ручек во комплексот „Св. Богородица“ – Еленец во Горна Цера.

Сподели: