ПСК “Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани, Петровден организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.
Оваа година за првпат маршот ќе се одвива до врвот Китка на Осоговската планина со н.м. од 1903 метри. Стартот на маршот ќе биде од селото горна Цера поточно манастирскиот комплекс Еленец на 1000 мнв кое се наоѓа на 12 км. од Македонска Каменица и до него води асфалтиран пат .Должината на патеката во еден правец изнесува 7 километри и се стигнува за околу 3 часа.Патеката е целосно маркирана и до двата правци и се обележани и повеќето места каде попатно има два извора на питка вода за пиење .Самата патека нуди повеке видови на чаеви и печурки .Тежината на патеката е средно лесна и може да земат учество сите вљубеници во планината.
На самиот врв Китка нуди пејсажи од кои застанува здивот и се шири извонреден видик кон Каменичката Кочанската котлина повеќето планински врвови во Македонија ,Србија и Бугарија.
За сите учесници е обезбеден традиционален планинарски ручек во манастирскиот комплекс Еленец. Секој да си понесе прибор за јадење.
Пријавете го вашето учество најдоцна до 08 07 2021 год. заради подобра организација и утврдување на точниот број на учесници за обезбедување на ручек за секого и секако благодарници на клубови ,на најмалите и најстарите учесници.Доколку има заинтересирани за пристигнување во сабота и сместување во манастирскиот комплекс ќе добиете подетални информации од пријавените лица за контакт.
Секој учесник си одговара за својата здраствена и психофизичка состојба. Потребно е учесниците со себе да понесат опрема за заштита на телото од сонце и дожд и добро разгазени обувки.
Доколку се заклучи дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи маршот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Секој учесник самостојно и на своја одговорност одлучува за учество на маршот.
Маршот ќе се организира по сите COVID 19 протоколи според препораките на надлежните институции!
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !
14ти Традиционален петровденски планинарски МАРШ
Лица за контакт:
Тошо Антов 078-270-724 Стојка Антова 071-314 482 Методи Георгиев 078-203-047 Мирче ефремов 078-389-909
ПСК „Осогово“