Денеска во Кочани беше пуштен во употреба новиот клон „Детелинки“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.

– Денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја пуштивме во употреба новата градинка „Детелинки“ во Кочани – уште еден конкретен чекор во нашата заложба за подобрување на условите во предучилишното образование и унапредување на животниот стандард на граѓаните, соопшти заменик министерот за труд и социјана политиа, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Заменик министерот Велковски додаде дека овој современ објект, како дел од ЈОУДГ „Павлина Велјановска“, е проектиран да обезбеди квалитетна и безбедна нега за 114 деца, организирани во 6 групи, со што директно се зголемува достапноста на предучилишното образование во Кочани.

– Изградбата на градинката е финансирана од Светска банка, во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги, со вкупна инвестиција од 934.821 евра. Овој проект е дел од нашата долгорочна стратегија за јакнење на институциите за згрижување и образование на најмладите, како и за поддршка на родителите преку зголемување на достапноста на социјалните услуги. Ова е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон развојот на локалните заедници, рамномерниот регионален развој и инвестициите во модерна, достапна и инклузивна детска заштита, рече Велковски.


Со ваквите проекти, демонстрираме конкретни политики и резултати во насока на изградба на силна, просперитетна и социјално одговорна држава, во која секое дете има можност за квалитетно образование и безгрижно детство, додаде во соопштението.

