ПЦЕР: Во исчекување на одговор од СДСМ, заедно или сами на локални избори!

Почитува сограгани, членови, поддржувачи и симпатизери на Партијата За Целосна Еманвипација На Ромите (ПЦЕР).

Сакаме да ве информираме дека сме во фаза на разговори со коалициониот партнер (СДСМ) каде што доставивме наша листа по општини каде што знаеме и сме убедени дека нашата коалиција ке победи со наш придонес и поддршка. Поради тоа побаравме добитни места во листите за кандидати во советите на истите општини.

Очекуваме до средината на следната недела да добиеме одговор од нашиот коалиционен партнер СДСМ. Се надеваме дека нашата листа со кандидати за советите од ПЦЕР ке биде прифатена. Во случај на одредени несогласувања со СДСМ би сакале да ве информираме дека на локалните избори ке настапиме со наши листи или пак во одредени коалиции а затоа ке одлучуваат нашите општински ограноци според интересот на Ромите во самите Општини.

Со почит,

Генерален Секретан на ПЦЕР – Орхан Куртишов

Сподели: