Во рамки на Деновите на психологијата, Центарот за креативен развој едукација и психотерапија Апекти- исоток во соработка со основните и средното училиште во Виница во петокот спроведе работилница на тема „Превенција на врсничко насилство – булинг“ за учениците од осмо и девето одделение од основните и прва година од гимназијата „Ванчо Прке“ од Виница.
Работилницатата имаше за цел зголемување на информираноста и свесноста на младите за постоењето на проблемот со булингот во училиштата, за видовите насилство, како се манифестира и за последиците кои се јавуваат како резултат на булингот.
Истата беше спроведена од м-р. Радмила Манчевска психолог-психотерапевт од Центарот за креативен развој едукација и психотерапија Аспекти-исток за Кочани и Виница и Убавка Петкова – педагог во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница.
Работилницата беше во организација на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Виница и Координативното тело, а на истата присуствуваа 35 ученика. Од добиените податоци ќе се подготват соодветни превентивни програми за понатамошно делување.
