Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов деновиве учествуваше на настанот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите под наслов: Искуства и научени лекции од спроведување на јавно-приватно партнерство во општините во Република Северна Македонија.
Учесниците на настанот истакнаа дека јавно-приватното партнерство како алатка за воведување нови извори на финансирање на општините за жал, сѐ уште не е доволно искористена. Поради тоа, акцентот беше ставен на клучните законски одредби, искуства и научени лекции од веќе спроведените јавно-приватни партнерства во земјава и пошироко, како и надминување на најчестите предизвици и пречки.
Општина Кочани