Работна средба со претставници од Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во ИПР

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, директно вклучени во реализацијата на европскиот Проект за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион во рамките на програмата ИПА 2, денеска остварија работна средба со градоначалникот Љупчо Папазов, претседателот на Советот на Општина Кочани Лазо Митев и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев.

Службениците од Министерството покажаа интерес за моментната состојба на Градската депонија во Кочани, како и за донесената одлука за престанување на донесување комунален отпад од другите општини на депонијата во Кочани.

На средбата беше истакната подготвеноста за продолжување на проектот до целосно затворање на Градската депонија во Кочани. 

Сподели: