Разбојник затекнат при тешка кражба, со остар предмет го нападнал сопственикот на имотот

Разбојник од Делчево извршил разбојничка кражба во куќа во Кочани при што бил затекнат од сопствениците на имотот од кои едниот го нападнал со остар предмет и побегнал.

Како што информираат од полицијата „На 19.02.2021 во 13,20 часот од полициски службеници во Полициската станица Кочани бил лишен од слобода А.Ш.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба“ по чл.238 од КЗ. Имено, пријавениот истиот ден околу 10,00 часот во Кочани насилно го отворил прозорецот и влегол во куќа по што почнал да пребарува. Додека се уште бил внатре сопствениците се вратиле во домот и го затекнале. Тогаш осомничениот со остар предмет го нападнал сопственикот и го напуштил местото на настанот од каде претходно одзел пари.

По целосното документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок“, стои во соопштението на МВР.

Сподели: