Разбојник од Делчево заработи кривична пријава од страна на полицијата поради кражба на пари од куќа на улицата „Стамен Манов“ во Кочани.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(24) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
На 04.08.2020 во Кочани на ул.„Стамен Манов“, пријавениот, заедно со М.Л., влегол во куќа сопственост на Е.М. од Делчево и одзел пари. Притоа бил забележан од А.М., син на оштетениот, кој се обидел да му ги одземе парите, но бил физички нападнат од пријавениот“.
Извор: Дневен билтен МВР