Несекојдневна кражба утрово се случила во кочанското село Горни Подлог.

Организирана група на разбојници утринава успеала да влезе во дворовите на тројца подложани и да им ги украдат возилата, кои по кражбата намерно биле оштетени и оставени покрај патот.
Крадците првично, од улицата 1-ви Мај во Кочани украле возило марка „Мерцедес“ со кое се превезле до Горни Подлог и ја започнале кражбата. Откако успеале да ги присвојат и оштетат возилата, тие продолжиле да „оперираат“ и на други имоти во селото, но за среќа биле забележани, по што побегнале.
Најголема штета претрпело возилото марка „Мерцедес“ со кое разбојниците стигнале до Горни Подлог и со истото удриле во цевките од системот на „Геотерма“.
Сопственикот на друго возило пак останал без својот клуч кој крадците го земале со себе.
Возилата биле лесен плен за разбојниците бидејки клучевите од автомобилите биле на брава, па тие само го стартувале моторот и управувале.
Од Одделението за внатрешни работи Кочани информираат дека полициски службеници се на терен и прават увид на местото на настанот. Оттаму додаваат дека постојат првични сознанија за одредени сторители и се работи на нивно откривање и обезбедување на органите.
И.Матеничарски