Разбојници рано утринава насилно влегле во продавница во Кочани при што физички го нападнале сопственикот и му одзеле пари.
Од полицијата инфомираат дека на 24.07.2020 во 03.53 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 03.00 часот непознати сторители со употреба на сила влегле во колонијална продавница на ул.,,Славчо Стојменов“ во Кочани,сопственост на Д.И.(64) од Кочани, при што физички го нападнале Д.И. и одзеле пари.
Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
Извор: Дневен билтен на СВР Штип