На 10.11.2020 во 10.30 часот во Полициската станица Кочани, С.М.(50) од с.Облешево, пријавил кривично дело „разбојничка кражба“.
Според пријавеното непознато лице влегло во куќата на С.М. во с.Облешево, при што одзел пари и откако излегол надвор од куќата бил пресретнат од С.М. , кој од страна на непознатото лице бил физички нападнат, по што побегнал.
Се работи на расчистување на случајот.
Извор: Дневен билтен на СВР Штип