„Различноста е наша сила” во ООУ,,Никола Карев” – Кочани

Почитувани,

со огромно задоволство сакме да ве информираме дека нашето училиште огранизираше голем настан во училишната спортска сала под мотото: ,,Различноста е наша сила”.

-Нашите ученици од училишниот спортски клуб ,,Берни Спорт” заедно со дечињата со потешкотии во развојот кои секоја Сабота учествуваат во нашиот самостоен проект,,Час по физичка активност” имаа полигони и препреки кои ги совладуваа заедно како еден тим,на кројот на сите ученици им доделивме -златни медали бидејќи сите тие се победници и пример како сите ние треба да живееме без предрасуди,училишниот хор имаше свој настап кој ги воодешви присутните во салата и на крај нашите најважни алки а тоа се учениците и родителите играа футсал помеѓу себе.Одличен настан во кој покажавме дека сме сме исти и дека разликите не се пречка напротив тие не привлекуваат и се наши предности.Сите средства кои се собрани ќе бидат наменети за ресурсната соба во нашето училиште.

Голема благодарност до:

Наставниците по Физичко и здравствено образование!
Училишниот хор со наставничката по Музичко воспитание!
Училишниот Дефектолог!
Наставничката по Ликовна уметност!
Црвен крст-Кочани!
Родителите на нашите ученици и родителите на дечињата со потешкотии во развојот!
ОФС Кочани/Судиска организација⚽️
Спозорот за озвучуање!

ООУ,,Никола Карев” – Кочани

Сподели: