Распишан јавен повик за доделување награда за значајни остварувања за развој на општина Кочани и награда за животно дело

Општина Кочани распиша јавен повик за доставување на предлози на кандидати за наградата за значајни остварувања во развојот на општината.

Наградата се доделува на поединци, групи, творци, екипи, установ, трговски друштва и здруженија на граѓани во форма на плакета.

Воедно, Општина Кочани ќе додели и награда за животно дело, во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во други дејности од јавен карактер, по претходна оценка од Одборот за доделување на награди на општината Кочани

Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на општината Кочани на адреса: Општина Кочани , ул. “Раде .Кратовче“ бр.1. Предлозите треба да бидат образложени.

Јавниот повик трае од 01.08.2020 година, до 25.08.2020 година.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial