Во тек се акциите за расчистување на комуналниот отпад и депониите во Општина Кочани, од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Станува збор за диви депонии кои месното население свесно ги причинуваат, како и несовесното фрлање отпад покрај контејнерите за отпад, каков што е примерот кај локацијата Спомен-домот „АСНОМ“.
Освен на локацијата Спомен-домот „АСНОМ“, каде што целосно е исчистен локалитетот, денеска се расчистуваше и дивата депонија на локацијата Повеќенаменско игралиште во населбата Трајаново Трло.
И покрај тоа што КЈП „Водовод“ и надлежните служби многу често реагираат на ова место, изнесувајќи го создадениот отпад со товарни возила и ја расчистуваат оваа депонија со апел за посовесно однесување на граѓаните, истиот проблем и понатаму се јавува.
Се апелира и се упатува повик до сите граѓани совесно да се однесуваат кон животната средина и отпадот да го фрлаат на соодветните обележани места