Почитувана кандидатке за пратеник на СДСМ, тие што ти ја напишале содржината за денешната прес конференција те ставиле во ситуација да се брукаш и зборуваш работи што не ги знаеш. И бидејќи ти е првпат, те истрчале на погрешна локација во Малото стопанство-гордоста на Кочани кое најсилно се развиваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ако Баба лаже, траг не лаже. Сама видовте капитални капацитети, за жал во времето на СДСМ ниту еден нов не е придодаден.
Се бламирате со невистини. Печатницата Европа 92 се до неодамна нема печатено учебници. Прв пат печати во оваа 2020 година. И со тоа треба да се гордееш и ти и градот, бидејќи малку се капацитети во државата кои го можат тоа.
За печатење рекламен материјал ќе ви кажам дека сме печателе и за твојата партија СДСМ, како и за многу други од речиси сите општини во државата. Кај нас партиите доаѓаат поради квалитетот и здравите деловни односи.
Го спомнуваш ДУИ а тие до вчера беа ваши коалициски партнери, на чело со претседателот на Собранието Талат Џафери, и сега одеднаш други соработувале со нив.
А што се однесува до градењето едно општество за сите, граѓаните на Кочани, освен врхушката на СДСМ, тоа не го видоа и почувствуваа.
Инаку, СО ЛАГИ И ИЗМИСЛИЦИ НЕ СЕ ВЛЕГУВА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, KAKO ШТО НА СИЛА СЕ ВЛЕГУВА ВО СТАН, ИЛИ СЕ ФАЛСИФИКУВА СТАЖОТ.Познато е!
Ратко Димитровски