Реакција на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков

Непочитувани плукачи од СДС,

Продолжувате со црна кампања насочена лично против мене затоа што се плашите од она што го зборуваме и од тоа што ве гледаме во очи додека ви ја кажуваме вистината!

Ниту имате идеа, ниту знаете каде терате, а ниту пак ја имате енергијата со која ние располагаме!Бегате од дебати, бегате од соопштенија, се обидувате да пласирате невистини ама разбирливо запаниката во која се наоѓате, не ве подржувам ама ве разбирам!

Корисници на превозот се учениците, сите ваши “заштеди“ беа на грбот на ученикот и на грбот на родителите. Од промена на власта до сега секој септември учениците редовно остануваа без превоз, бројот на ученици го намаливте поради иселувањето, а учениците чекаат и по два часа да им дојде превозот-ова се факти!

Штедевте вие, парите си ги делевте меѓусебе во разни фондови, а превозот го плаќаа родителите!

Сликите од тоалетите во видеото се токму фотографии кои јас лично ги имам сликано(фотографиите имаат т.н. метадата и може да се провери-сликано со тел.модел Samsung А5 2017) и истите се испратени од маил на училиштето на маил на општината со барање ИТНО да се санираат тоалетите(крај на август 2018), а тоа како сликите од општински маил завршија кај вас во штаб вие си знаете.

Училиштето кое го споменувате е рентабилно, го оставив без неплатени долгови и во време кога дадов оставка оставив близу МИЛИОН денари на сметка(околу 986.000 денари) и околу ДВА МИЛИОНИ денари на донаторска сметка, за времето додека бев директор НЕ КОРИСТЕВ службен телефон и немам еден денар потрошено за репрезентација или сл.

Сакам јавноста да знае дека средствата со кои се реновирани тоалетите се средства собирани со години од вработените, сите заедно донесовме одлука да се откажувааме од средства кои не следуваа додека не се реши проблемот.

Вработените од СОУ “Љупчо Сантов“ се луѓето кои несебично се откажуваа од симболични средства со години, и со тоа за реконструкцијата на тоалетите придонесовме сите до еден, без оглед на политичка припадност!

Како наши сограѓани треба да сте благодарни и да сте горди на сите вработени во ова училиште!Ваквиот обид за политичка манипулација е навреда за сите овие луѓе. Желбата “да се има ќар“ на туѓа мака е типична само за криминалци!

Со почит,Кандидат за пратеник во ИЕ3 од ВМРО ДПМНЕ и “Коалиција за Обнова на Македонија“ Миле Лефков

Сподели: