Реакција на Миле Лефков во врска со видеото објавено од ОО на СДСМ Кочани

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани,

Реакција на црната кампања на СДС со лични дискредитации упатени кон секого кој и се спротиставува на криминалната власт на СДС!

Денеска на фан страницата на ОО излезе видео во кое ме обвинуваат за неплатени даноци, а покажаа елементарно непознавање на правото и економијата!

Имено во видеото пишува Миле Лефков основач на ТП “Миле Лефков”, без да знаат дека трговец поединец НЕ ПРЕТСТАВУВА ТРГОВСКО ДРУШТВО 

 Трговецот-поединец е физичко лице кое во вид на занимање врши некоја од трговските дејности определени со   Закон за трговските друштва.

Понатаму нашишале ТП “Миле Лефков” е ЛИКВИДИРАНА фирма со неплатен долг кон државата!

Ликвидацијата по дефиниција претставува посакуван престанок со работење на компанијата, односно одлуката за ликвидација ја носат содружниците и акционерите, а истата не е резултат на несолвентност. Престанокот сам по себе не доведува до престанување на правниот субјективитет на компанијата, туку само запирање на активната трговска дејност, па поради тоа се спроведува постапка за ликвидирање на настанатите правни односи.

Ликвидација значи дека ниту еден доверител се нема јавено и субјектот кој се брише НЕМА ДОЛГОВИ

Ако сакате да снимате видеа бидете по инвентивни!

Очигледно е дека во недостаток на идеи и дозволи за градба, СДС се служат со дезинформации, се гледа дека станува збор за класична политичка дискредитација која народот ќе ја казни на 15-ти а после ќе дојде време на одговорност!

Со почит,

Кандидат за пратеник во ИЕ3 на листата на Коалиција за Обнова на Македонија, Миле Лефков

Сподели: