Реакција на Миле Лефков на соопштението на ОО СДСМ Кочани

Соопштението којшто го прочитав ги потврди моите тези дека функционерите од СДС, наместо да се посветат на ПРОБЛЕМИТЕ, градат кариери на најпатетичен начин-со лични навреди. 

Соопштенија пишувани во општинска зграда, до-корегирани од директори, завршуваат потпишани од ОО на СДС. Жал ми е што ова во Кочани воопшто се случува!

Ќе ве замолам наредниот пат наместо ОО да имате име и презиме кое ќе стои позади лагите.

Кампањата ја поминавте со лични напади и лаги и така продолжувате и сега, ама сега за сега нема да ви одговорам, бесцелно е!

Многу скоро продолжувам на собраниска говорница, каде ќе се борам за секој наш сограѓанин, а вие ќе си слушнете за незаконските реконструкции, за незаконските преземања од едно на друго работно место, за несоодветните директори, за купениот стаж, за сите ваши криминали….

 Она што не ве остава на мир е тоа што знаете дека кога од говорница ќе излезе вистината, последици за вас ќе има! 

Знам дека не сте спремни за тоа ама помирете се, нема да ме испровоцирате, следете го собранискиот канал, ќе биде “интересно”!

Со почит, 

Миле Лефков

Сподели: