Почитувана!
Во реакцијата, никаде не негирате дека делите помош, а меѓудругото сте напишале:
“Сепак, сè се сведува на перцепција – СПОРЕД НИВ – МИТО, СПОРЕД НАС – ПОМОШ!”
Цениме дека ваквиот став е загрижувачки!
Почитувањето на законите не може и не смее да се сведува на “перцепција”!
Од тоа што правото го сведовте на “перцепција”, од тоа што индивидуалци од власта според својата “перцепција” одредуваат што е добро а што не е, што е криминал а што не е, од “трас-трас” судството, дојдовме до тоа на сè повеќе граѓани да им треба помош!
Срамота е да дозволиме да имаме функционери кои според својата “перцепција” одлучуваат дали да се почитува законот или не!
Правото и правдата не сѐ перцепција!
А во делот во кој сте напишале:
“Солидарноста, хуманоста, пожртвуваноста се карактеристики кои ги луѓето ги краси”
Се согласуваме ама ќе додадеме:
-А фалбата (спонзориран пост) го гнаси!
Со почит,
Центар за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани