Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

vmrostab

Најостро го осудуваме чинот на политички дилетантизам со кој утринава покрај кејот на реката, пред Домот на културата “Бели Мугри” беше истакнат политички транспарент!


Транспарентот со политичка содржина, беше истакнат на платно во должина над 30 метри на локација која не е дозволена за политичко рекламирање пред официјален почеток на кампања.

Самиот начин на изведување на акцијата, користените материјали и содржината јасно укажуваат дека позади ваквиот облик на политички дилетантизам стојат функционерите од власта, кои злоупотребуваат позиција за да го изиграат Изборниот законик и неказно да тераат политичка кампања надвор од сите законски, етички и морални норми!

Бараме од градоначалникот, јавно да го осуди овој настан и лично да се заложи да бидат пронајдени сторителите, началникот на ОВР да ги најде одговорните.


Без да се мешаме во уредувачката политика, упатуваме јавен апел до медиумите да не ги пренесуваат ваквите чинови на дилетантизам во Општината, затоа што со добивање на медиумски простор дополнително ќе ги мотивираат во своите активности за нагрдување на градот!


За жал властите Изборниот законик го претворија во купче хартија!


ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

19.06.2020

Сподели:
  •  
  •  
  •