Реакција на ОО СДСМ на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ секогаш се одлучувала во интерес на ранливите категории низ соодветна постапка и легални механизми со вклученост на сите.

За секое прекршување на законот, следуваа преземења на соодветни мерки.

Искажаните сомнежи единствено може да ги демантираме преку факти, затоа јавно ги повикуваме надлежните институции да испитаат колку дивоградби се изградени во периодот од 2009-2017, а колку во периодот од 2017-2021 и податоците да се објават.

Да, го поздравуваме потегот со кој вие, ДПМНЕ, направивте еден мал чекор кон страната на законот, а се прекршува од лице кое беше вклучено во промоцијата на нивно  почитување, односно, со директно лажење на граѓаните да се стигне до некој глас повеќе. Сè уште не одговоривте на конкретно поставените прашања:

– Во чија сопственост беше објектот кој се градеше?

– Дали сопствениците беа директно вклучени во кампањата на Љупчо Папазов?

– Дали сопственичката е вклучена во аферата – превоз на ученици 2012-2017?

Зошто проектите кои беа започнати, веќе трета недела се во застој?

Ова ли се промените кои ги ветувавте?

Сподели: