Како човек и како пратеник сум згрозен од притисоците врз оризопроизводителите кои го користат уставно загарантираното право за протест со најразлични форми на притисок, како што се: делење записници за сторени прекршоци на оние кои протестираат, правење списоци на лица кои биле присустни, закани и јавни соопштенија со навреди кон пратеници кои го подржуваат протестот и собирање на лични податоци на оние кои протестираат со цел вршење дополнителен притисок за прекин на протестите.
Ја користам оваа прилика да го известам партискиот огранок на партијата на власт дека ваквите притисоци се спротивни на Уставот на Република Македонија, но и на сите меѓународни стандарди за заштита на правото на слободно здружување, изразување и мирен протест.
Впрочем, Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните, вклучително и оризопроизводителите. мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест.
Државите имаат позитивна обврска да го штитат ова право и да ги едуцираат државните, јавните и полициските службеници за правото на граѓаните да протестираат, со цел полесно практикување на ова право.
Само ќе споменам дека ваквите видови на протести се организираат насекаде во Европа, гледавме бурни реакции и протести на земјоделците и фармерите во Франција, Холандија и во голем број развиени земји, а никаде не видовме партиски соопштенија како она на ОО на СДСМ во Кочани денес!
Еве најдете еден пример во Европа, каде политичка партија испраќа јавно соопштение до медиумите со навреди и лепење етикети, а ниту едно барање не беше упатено до нив, никој ништо не побара од ОО на СДСМ денес.
Јас се одзвав на повикот на оризопроизводителите и како и секогаш јавно ја истакнав мојата подршка на нивните барања, заедно со колегите пратеници од опозицијата сме подготвени да поддржиме законски решенија за решавање на овој проблем!
Факт е дека немаше ниту еден преставник од власта, кои или се кријат или имаат други приоритети ама тоа останува на самите нив и на нивната совест!
Денешните барања беа упатени до Владата и до надлежните министерства, жално е што политичката партија на власт ја осеќа државата како партиска сопственост па реагират со партиско соопштение, ова е само уште една од причините што со Влада предводена од СДСМ секој ден сме се подалеку од Европа!
Оттука, сметам дека заканите упатени до оризопроизводителите за парични казни и партиското соопштение од ОО на СДСМ Кочани полно со етикети и навреди преставуваат директна закана за остварувањето на правото на протест, особено поради тоа што во конкретниот случај се работи за правото на оризопроизводителите да ги изразат своите ставови за процес кој директно ги засега и е поврзан со нивната основна егзистенција.
Поради тоа што со одредени дејствијата координирани од ОО на СДСМ се врши директно смеќавање на правото на јавен собир, сакам да истакнам дека доколку вака продолжат, а на барање на сите лица жртви на закани и притисоци поради учеството во протести, лично ќе поднесам кривични пријави за спречување или смеќавање на јавен протест на сите кои ја злоупотребуваат својата положба за да ги спречат луѓето кои се борат за егзистенција да го користат своето Уставно загарантирано право!
Со почит,
Миле Лефков
Пратеник во Собранието на Р.Македонија