Реакција на прес – конференцијата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани

Почитувани,

Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа значи дека секоја одлука, секој проект, секаков план не смее да штети никому.

Вашата очигледна неспособност да менаџирате со локални институции и јавни претпријатија е застрашувачка. После цела една година – ништо ново не слушаме, освен дека друг ви е крив, додека наводно вие сте посветени и конструктивни.

Драги челници, не може да ја покривате неспособноста за менаџирање на Водовод со покачување на цената за 130%.

Не смеете да не помислувате на 150те вработени во тој сектор кои ќе останат без работа.

Немате право да нудите решенија на проблемите врз грбот на луѓето. 

Уште помалку имате право да ги извртувате фактите и да пласирате приказни на кочанската јавност, глумејќи загриженост. Па и вие гласавте за повлекување на точката од дневен ред со намера да се најде заедничко решение, а сега не знаете како да продолжите. Вашите знаења почнуваат и завршуваат со партиски вработувања во Водовод и носење на јавното претпријатие во апсолутна пропаст и милионски загуби. Со смена на директор не се решаваат проблемите. 

Почнете да се занимавате со обврските и задолженијата кои ги добивте. 

Прифаќајте одговорност!

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: