Реакција ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани – Видливи симптоми на предизборно параноичното пореметување !

Иако упативме повик до ОО да престанат со предизборната параноја, сепак сведоци сме на влошување на “ситуацијата” во локалниот огранок на СДС.
Во последната реакција, потпишана од претседателот на ОО:
“OO СДСМ Кочани – Зад „хуманитарните“ иницијативи во училиштата се гледаат партиските манипулации на ДПМНЕ”
Гледаме огромна доза на несигурност и предизборна параноја, обид за лепење етикети и оцрнување.Нивото на комуникација кое го наметнува претседателот на ОО Гоце Серафимов е параноично и макијавелистички дрско, во стилот “целта ги оправдува средствата”.Предупредуваме дека ваквите изјави фрлаат основано сомнение дека станува збор за пореметување на карактерот пропратено со константна параноја генерално карактеризирано со тоа што во објавите се чита шаблон на неверба и сомнеж кон другите луѓе и појави.
ОК на ВМРО ДПМНЕ нема апсолутно никаква поврзаност со НИТУ ЕДНА хуманитарна организација во општината, меѓутоа  ги подржува хуманитарните акции и здруженија како и секој напор на поединци за помош и допринос кон развојот на Општината или кон промовирање на општествена одговорност.
Најостро го осудуваме секое понижување на поединецот без разлика во која област припаѓа, најостро го осудивме и јавното понижување потпишано од директор на училиште и стоиме позади истото без разлика на партиската припадност на лицето кое е изложено на ваков третман. Сметаме дека заканите не се начин на комуникација ниту начин за унапредување на образованието.
За крај, реториката во текстот на ОО е неприфатлива, особено заканата “никој да не биде поштеден”, и “да се испита секој поединец” премногу потсетува на фраза од мафијашки филм за да очекуваме дека ваква реторика ќе не внесе во ЕУ.
Среќна нова ‘49
Со почит,
ОК на ВМРО ДПМНЕ

Сподели: