Oпштина Кочани се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023.
Во акцијата учествуваа Детската градинка „Павлина Велјанова“, основните и средните училишта, вработени во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани.
Со поддршка како медицинско обезбедување и со директно вклучување во акцијата за расчистување се вклучи и ОО на Црвен крст – Кочани.
Се собираше и селектираше отпад на повеќе локации: во околината на Спомен-домот „АСНОМ“, во Тикешински Лозја, Лукубија, кај спортските терени во СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Собраниот отпад ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.
За собраниот отпад ќе бидат донирани садници, кои ќе се засадат на неколку локации во Кочани.