Во периодот од 10.04 до 16.04 во рамки на Еразмус + проектот ,,Ние сме попаметни од технологијата“ професори и ученици од СОУ,, Љупчо Сантов,,-Кочани, беа вклучени во реализација на онлајн активности согласно планираната динамика на проектот. Организатор на онлајн активностите беше партнерското училиште од Република Романија каде што требаше да се реализира посетата, но поради пандемијата со ковид 19 таа беше одложена.
Неколку дена професорите и учениците-учесници во проектот од сите 6 партнерски училишта од Турција,Италија, Словачка, Романија, Норвешка и Македонија работеа онлајн преку веб платформа. Сите учесници се запознаа виртуелно со убавините на Романија, населбата и училиштето од кое се романските партнери,имаа предавање за сајбер криминал и како да се заштитат од него, работеа на изработка на мулти-јазичен лексикон, учествуваа во онлајн-квизови и изработка виртуелен албум со слики од спорски активности во услови на пандемија.
Учесниците беа задоволни од реализираните онлајн активности, но сепак изразија надеж и очекување дека во иднина ќе имаат можност да ја посетат Романија и физички не само виртуелно.
Следната активност согласно проектната апликација е планира за месец Мај и ќе се реализира повторно онлајн, а организатор ќе биде партнерското училиште од Република Словачка.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани