Редовна крводарителска акција во ОО на Црвен крст Кочани

Триесет и две крвни единици се собраа на редовната крводарителска акција, организирана од Општинската организација на Црвен крст од Кочани.

Акцијата се спроведе со поддршка на  екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје, а на оваа мајска крводарителска акција, забележително беше присуството на млади дарители кои одговорија на повикот за дарување.

-Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани се спроведува редовна крводарителска акција во периодот од 09:00 до 14:00 часот.Акцијата се спроведува во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Сакам да се заблагодарам на сите крводарители кои денеска дојдоа, даруваа и со тоа помогнаа да се спасат човечки животи, рече Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четвроток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и петок во Службата за трансфузиона медицина Кочани.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: