Редовно годишно Собрание на ОФС Кочани

Општинскиот фудбалски сојуз Кочани во неделата под посебни здравствени протоколи на стадионот „Никола Мантов“  го одржа своето Редовно годишно Собрание.

Од 37 делегати, колку брои собранието на ОФС Кочани на седница присуствуваа 22, а 3 делегати од оправдани причини беа отсутни.
Присутните делегати, едногласно го усвоија Записникот од претходното собрание одржано на 13.02.2019 год. Исто така усвоена беше и завршната (годишна) сметка, како и измените и дополнувањата на Статутот на ОФС Кочани.

Дополнително се донесоа одлуки Статутот на ОФС Кочани, со овие измени и дополнувања да се усогласи со Законот за здруженија и фондации, Законот за спорт (АМС) и Статутот на ФФМ.


На крајот делегатите, едногласно го усвоија и Извештајот за работата на Претседателот на ОФС Кочани поднесен од страна на првиот човек на ОФС Кочани, Љубчо Горгиевски.

На Редовното Годишно Собрание на ОФС – Кочани присуствуваа и претставници од ФФМ.

ОФС Кочани

Сподели: