Се одиграа натпреварите од второто коло на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2021.
На повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одиграа три средби, помеѓу екипите на „Јана Лукс“ и „Астра Казино“, „Еуро Петрол“ и „Ауто Велт“ од групата Б и „Златно Зрно“ – „Пјаца“ од групата Д.
Резултати второ коло:
19 јуни – сабота
19:00 „Јана лукс“ 3 – 6 „Астра Казино“
20:00 „Еуро петрол“ 1 – 3 „Ауто Велт“
21:00 „Златно зрно“ 6–5„Пјаца“
Екипата на „ДБ Интернационал“ беше слободна.
Следното коло од Петровденскиот турнир продолжува во вторник, 22 јуни каде ќе се сретнат екипите на:
22 јуни – вторник
19:00 „ВЛТ Грдовци“ – „Пикадили“
20:00 „Еволушн“ – „ТП Жана Тркање“
21:00 „Балкан лукс“ – „Еликсир“
„Паневски“ – слободни
Во групната фаза за победа се доделува 3 бода, за нерешен резултат по 1 бод, доколку почнувајќи со нокаут фазата – четвртфинале, полуфинале, за трето место и финале резултатот е нерешен, директно ќе се изведуваат пенали.
Во нокаут фазата се пласираат провопласираната и второплаисраната екипа од секоја група, доколку две или повеќе екипи имаат исти број на бодови ќе одлучува прво гол разликата, а потоа меѓусебниот дуел.
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов