На повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одиграа дуелите од третото коло од групите А И Ц на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2021.
На натпреварите се сретнаа екипите на „ТП Жана“ Тркање – „Еликсир“, „Паневски“ – „ВЛТ“ Грдовци и „Еволушн“ – „Балкан лукс“.
Резултати:
25 јуни –петок
19:00 „ТП Жана Тркање“ 1–2 „Еликсир“
20:00 „Паневски“ 0– 1 „ВЛТ“ Грдовци
21:00 „Еволушн“ 3– 5 „Балкан лукс“
Следното коло од Петровденскиот турнир продолжува в понеделник, (28.06), кога ќе се сретнат екипите на:
19:00 „Пјаца“ – „ДБ Интернационал“
20:00 „Еуро петрол“ – „Астра Казино“
21:00 „Јана лукс“ – „Ауто велт“
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски