На повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ синоќа се одиграа дуелите од првото коло од групите Б и Г на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022.
На натпреварите се сретнаа екипите на „Виктор“ – ПЗУ„Панов“, „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ и „Детелинка“ – „АНТ Градски“.
Резултати:
„Виктори“ 4:4 ПЗУ „Панов“
„Ауто Велт“ 3:1 „Масив Дизајн“
„Детелинка“ 2:3 „АНТ Градски“
Натпреварите од турнирот продолжуваат во вторник, на 28 јуни кога ќе се сретнат екипите на:
19 ч. „Македонија“ – „Пролет“
20 ч. „Адренико“ – „ВЛТ“ Грдовци
21 ч. „Еволушан“ – „Детелинка“
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски