Се одиграа натпреварите од второто коло на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2021.
На повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одиграа три средби, помеѓу екипите на „ВЛТ“ Грдовци и „Пикадили“, „Еволушн“ – „ТП Жана“ Тркање и „Балкан лукс“ -„Еликсир“ во рамки на второто коло од групите А и Ц.
Резултати второ коло – групи А И Ц:
19:00 ч. „ВЛТ“ Грдовци 4 – 0„Пикадили“
20:00 ч. „Еволушн“ 3 – 3 „ТП Жана“ Тркање
21:00 ч. „Балкан лукс“ 1 – 0 „Еликсир“
Екипата на „Паневски“ е слободна
Следното коло од Петровденскиот турнир продолжува в четврток , 24 јуни каде ќе се сретнат екипите на:
19:00 „ДБ Интернационал“ – „Златно зрно“
20:00 „Еуро петрол“ – „Јана лукс“
21:00 „Астра Казино“ – „Ауто Велт“
„Пјаца“ – слободни
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов