Заврши реконстуркцијата на Домот на културата во селото Видовиште во општина Зрновци.
Објектот што е изграден пред повеќе од 70 години е целосно реконструиран. Зградата доби термоизолациска фасада и нова ПВЦ столарија, реновирани се санитарните јазли, а обновен е и подот. Целосно заменет е дотраениот покрив со нов, променета е електричната инсталација, а поставена е и громобранска и противпожарна заштита.
Со реконструкцијата се доби корисна површина од околу илјада квадратни метри, што заедно со изградениот парк и црквата во непосредна близина, претставува прекрасно урбано катче во ова населено место.
Средствата за реконструкција во висина од 6,2 милиони денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Од општина Зрновци информираат дека во иднина се планира и изградба на мал старечки дом .